Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник лесно до победа во Велес

Борец – Еурофарм Работник 21:27 (7:16)

Екипата на Рабитник Еурофарм во продолжението од машката супер лига гостуваше во Велес, каде забележа лесна и убедлива победа над домашната екипа, Борец со резултат 27:21.

Еурофарм Работник во натпреварот влезе како фаворит, а тоа и го докажа уште во првото полувреме кога имаа предност од 9 гола. Ракометарите на Борец само во првите пет минути кога се испитуваа силите беа рамноправен противник и имаа нерешено 2:2, а потоа се беше во знакот на “фармацевтите“.

Второто полувреме беше само формалност, па така тренерот на Еурофарм Рабоник имаше само тренинг, а во игра беа сите ракометари, со што разликата малку се намали.

Најефикасен во Еурофарм Рабоник беше Пецаковски со осум голови, а следуваат Ојлевски со шест, Трајковски со четири гола.

На оваа средба во судискиот пар беше битолчанецот Даниело Божиновски.

Екипата на Пелистер во ова прво коло од продолжението беше слободна.