Press "Enter" to skip to content

Пелистер само реми со “фенерџијата“ Скопје под Тумбекафе (фото)

Пелистер – Скопје 0:0

Градски стадион под Тумбекафе

Гледачи: 1.000

Судија: Мавров од Струмица, помошници: Станковски и Ангелевски од Струмица (Гоцевски).

Пелистер: Петровски, Тодоровски, Драгарски, Илијовски, Наумовски, Миленковски, Коњарски, Недановски, Марковски, Трифуновски, Ристевски. (Уште играа: Маневски и Бовен).

Скопје: Стефановски, Болесу, Личина, Алексовски, Петковски, Десниќ, Коффи, Димитровски, Оусесеини, Пецов, Демир.Фудбалерите на Пелистер не успеаја да дојдат до три бода кои многу ќеим значеа во борбата за опстанок, а одиграа само непопуларно реми, без голови, против екипата на Скопје, и да ја израдуваат илјадната публика под Тумбекафе, како пред две седмици против Работнички.

Во почетокот на натпреварот гостите имаа шанса преку Петковски, а потоа иницијативата беше во фудбалерите на Пелистер. Во првото полувреме “пелистерци“ имаа и шанси за гол и водство, но на одбиената топки од гостинскиот голман не реагираше најдобро младинецот Недановски. Недановски беше проигран убаво од Трифуновски, но немаше радост за гол и без голови се отиде на одмор.И второто полувреме помина без разлизација загол, иако дури три шанси за гол имаа “пелисерци“ по влегувањето на Маневски.  Првата ја имаше Кристијан Драгарски, но топката заврши во гостинскиот голман. Потоа следуваше шансата на Маневски, но може да се каже дека шансата запобеда и три бода имаше  Драгарски, кој најдобро се снајде по една мешаница во казнениот простор на Стефановиќ, но неговиот удар заврши само покрај гостинскиот гол. 

Во средината на првото полувреме  имаше и измена на вториот помошен судија Ангеловски кој се  повреди и беше заменет со четвртиот судија Гоцевски.Со овој бод Пелистер со 21 бод е на осмата позиција на табелата, а Скопје остана последен со само 13 бода, а во наредното коло и гостува на екипата на Ренова.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »