Press "Enter" to skip to content

Фото-вест: ракометни муабети на кошарка

На синоќешниот кошаркарски натпревар Пелистер -Карпош Соколи, имаше голем број на љубители на спортот, а на трибините покрај љубителите на кошарката имаше и спортски работници од ракометот.

Нашиот фото-репортер забележа инетересен момент кога тројца ракометни работници, Борче Марковски – тренер на РК Пелистер, Менде Илиевски – ракометен судија и Јован Василев – претседател на ЖРК Пелистер и ги фотографира на трибината како водат ракометни муабети.

-Разговараме за спортот вооопшто, но можеме да не разговараме за ракометот кога сме сите дел од него и активно вклучени во тој спорт, потврдија тројцата.

More from СпортMore posts in Спорт »