Press "Enter" to skip to content

По судиската кражба во Струмица, одбојкарките на Пелистер нема да играа ако им судат Џинас и Трајков

По судиската кражба која ја доживеаја одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола на гостувањето во Струмица, каде домаќин беше екипта на Наковски Волеј, управата на Пелистер волеј упати протестно писмо до сите  релевантни фактори, ОФМ комесар за натпревари, комесар за млади категории, генерален секретар, претседател, како и до сите клубови во земјата. Ние ви го пренесуваме писмото во целост, а во него се вели:

Почитувани пријатели, спортски работници, тренери, судии, почитуван комесар, генерален секретар и претседател.

Огорчени сме и згрозени од она што го доживеавме денес на прволигашкиот натпревар помеѓу екипите на Наковски Волеј и Пелистер Волеј, првенствен натпревар од Првата Државна Лига во рамките на 11- то коло. Бевме сведоци на најголемиот срам кој можи да го приредат едни судии. Имено, веруваме дека веќе претпоставувате за кого се работи, тандемот Симеон Џинас и Иван Трајков.

Имено натпреварот започна со аут при ас сервис на Пелистер и веднаш потоа продолжи со тендециозно досудени 5 последователни мрежи, со цел да се испровоцира екипата на Пелистер Волеј и стручниот штаб. При првата наша реакција беше досуден жолт картон на тренерот Роберт Митковски, без никаква основа, за прашање кој допрел мрежа (а мрежата мирна). Сетот продолжи и со досудени аут топки, иако уредно завршуваа во теренот.

Во вториот сет првиот судија Џинас, после два аса од 2:1 за Пелистер, при реакција на првиот тренер Роберт Митковски за носена топка на противничка екипа, и тоа завртен кон својот колега Александар Темелковски (кој седеше на клупата) слезе од судискиот стол и дојде до клупата на Пелистер Волеј да држи предавања, продолжувајќи да врши притисок (веројатно очекувајќи дека ќе изнуди инцидент), а натпреварот го држеше во прекин неосновано долго.

Во третиот сет вербалноста ја сведе на ниво на сите играчи на Пелистер и на чудење на сите присутни додели црвен картон на средниот блокер Теодора Андоновска зошто запраша од кој има блок-аут. Исто така не и дозволи на нашиот примач Софија Петличковска да си ја заврзи врвцата од патиката (безобразно и подмолно под секое ниво) пред сервисот. Често ги повикуваше нашите играчи (не само капитенот) да се објаснува прекинувајќи ја играта и по неколку минути.

Пелистер Волеј го загуби овај натпревар и одби да го потпиши записникот, зошто не ни беше дозволено да наведиме забелешка иако истата беше уредно најавена од капитенот, по што првиот судија, потпомаган од неговиот помошник цело време, си го зедоа записникот и заминаа, а копијата ни беше доставена дури пред качување во комбето.

Цело време ни упатуваа навреди како тие суделе по 20 години дека ние не сме знаеле ништо, ни правила ни закони, ни пропозиции, што воедно ги сметаме и за лични навреди. Ваков чин сметаме дека е под секое ниво, дури и во неразвиените афрички земји.

Во иднина, Пелистер Волеј без можност за отстапка бара и ќе бара овие двајца џелати од судии да не судат на првенствени натпревари кога ќе игра нашиот клуб, од најмала возраст, Пионерки па се до Кадетки, Младинки и Сениорки. Сите патни трошоци за било кои други судии ќе ги сноси нашиот клуб, а делегирањето можи да биди од било кој друг град на Македонија. Во спротивно, секој дуел каде овие двајца ќе се појават како судиска двојка, слободно да го регистрирате со службен резултат од 3:0 во корист на противникот кој и да е.

Со почит, Пелистер Волеј.

More from СпортMore posts in Спорт »