Вардар Јуниор – Пелистер 25:32 (12:14)
Лидерот на табелата Пелистер под водство на новиот тренер Борче Марковски со поведа стартуваше во првиот натпревар од пролетниот дел на Супер лигата, совладувајќи ја екипата на Вардар Јуниор во Скопје со разлика од седум гола, 25-32 .
Марковски во првиот натпреавр ги немаше првиот стрелец Темо Орјоканидзе, првиот голман Милош Рајчиќ, како и најновото засилување ос Египед, Ахмед Мохамед Ради.
“Пелистерци“ уште од почетокот на средбата не дозволи на стартот да се случи изненадување во првата третина од првото полувреме имаше видлива разлика од 4 гола, 7:3. Младите на Вардар кон крајот на првото полуврема стигнаа само на гол разлика (9:10), но на одмор се отиде со 2 гола за “пелистерци“.
Во второто полувреме екипата на Пелистер ја поправи играта во одбрана, а како резултат на ваквата игра стигна до пет гола разлика, за на карај таа да биде седум (32:25).
Најефикасен во екипата на Пелистер беше Везенковскикој постигна 5 гола, а со следуваат Маџовски, Димитровски, Чантурија, Чуриќ и Митиќ.





