Press "Enter" to skip to content

Очекувана и лесна победа на Еурофарм Работник во “Младост“ (фото)

Еурофарм Работник – Прилеп 35:11 (19:4)

Втора победа на ракометарите на Еурофарм Работник во збиениот календар на натпревари за само една седмница. По победата на гостувањето во Велес над екипата на Борец, денес ја победија екипата на Прилеп од Прилеп со висока разлика од 24 гола, со краен резултат од 35:11, полувреме 19:4.

Ракометарите на Еурофарм Работник како и очекуваа, лесно и без многу нервоза стигнаа до победата, а гостите од Прилеп одиграа колку да се одигра натпреварот и во ниту еден момент не покажаа желба и мотивација за нешто повеќе од пораз.Од друга страна екипата на Еурофарм Работник имаше само лесен тренинг пред дербито со Пелистер. Илија Темелковски, тренер на Еурофарм Работник им даде шанса на сите ракометари, но и тоа не се одрази на резултатот, а сите постигнаа голови. Во игра беше и новото засилување Горан Кузмановски кој се воигруваше со новите соиграчи, а  постигна и два гола.

Натпреварот го судеше битолски судиски пар, браќата близнаци Методија и Михаил Илиевски.

More from СпортMore posts in Спорт »