Деспина – Пелистер 23:28 (13:14)
По двата порази кога победата да имаа в раце и несреќно загубија ракометарките на Пелистер победија во пелагониското дерби против екипата на Деспина со разлика од пет гола, 28:23, полувреме 14:13, во натпревар од 17. коло во женската Супер ракомента лига.
Иако резултатот по првото полувреме е во корист на ракометарките на Пелистер, сепак стручниот штаб не е задоволен од тоа како е одиграно полувремето, но во второто полувреме работите си дојдоа на свое место и “пелистерки“ одиграа квалитетно и во ниту еден момент не дозволија победата да се доведе во прашање.
За брзо време се направи разлика во корист на Пелистер од пет гола 18:13, а потоа се до крајот беше само формалност, и со таа разлика се заврши натпреварот.
Екипата на Пелистер имаше проблеми на почетокот кога домашните ракометарки имаа разлика од пет гола, а ќе требаат анализи на натпреварите да се види зошто отворањето на натпреварите е лошо на “пелистерки“, велат од клубот.
Габриела Величковска беше најефикасна во победничкиот тим на Пелистер со постигнати 11 гола, а мора да се потенцираат и постигнатите шест гола на Сања Дабевска.
Во наредното коло во Битола екипата на Пелистер во “Младост“ ја пречекува екипата на Гевгелија, се очекува лесна победа, а натпреварот започнува во 16 часот, како предигра на градското дерби Пелистер – Еурофарм Работник.
Пионерките на ЖРК Пелистер играат во недела во 17 часот во “Младост“ и ја пречекуваат екипата на Стружанка.
С.Р.





