Press "Enter" to skip to content

Загреана ракометна атмосфера пред градското дерби Пелистер – Еурофарм Работник

Утре во редовниот тернин за ракомет во 18,30 часот во спортската сала “Младост“ во Битола ќе се одигра градското дерби помеѓу екипите на Пелистер и Еурофарм Работник, во кој екипата на Пелистер е домаќин на хартија, со оглед дека двете екипи во оваа сала ги играат натпреварите од Супер лигата.

На тренерот на Пелистер Борче Марковска, ова му е прва градска пресметка и за неа вели:

-Ќе биде дуел на две по квалитет изедначени екипи кои ќе ја посакуваат победата во ова градско дерби. Екипата на Еурофарм Работник е составена од неколкумина поранешни репрезентативци кои имаа искуство. Од друга страна ние во оваа средба влегуваме осетно ослабени без двајцата според статистиката најдобри поединци, голманот Рајчиќ и стелецот Оријадзе. Рајќич имаше голем процент на одбрани, а Оријадзе погодуваше од 8 со 11 пати на натпревар. Исто така поради смртен случај ќе го немаме и засилувањето од Египет, на кој му почина мајка му, па така остануваме без тројцата за битолското дерби. Но, кога се мора се мора без секој и ние ќе се потрудиме тоа да надополниме со повеќе ангажирање, многу борбеност и мотивација. Како реков квалитетот е изедначен, ќе одлучуваат нијанси, а се надевам дека со поддршката од навивачите, и на крај ние ќе бидеме победници.

Стефан Талевски од Еурофарм Работник за утрешното битолско дерби вели:

-Иако резултатотнема значење ни за едната ни за другата екипа, затоа што двете екипи имаат обезбедено плеј-оф натпреварите, очекувам натпреварот да супер интересен и неизвесен како што беа натпреварите од минатата сезона. Очекуваме полна сала. Пелистер за време на паузата се засили на неколку позиции што значи имаат и поголема ротација. Што се однесува пак до атмосферта во тимот е позитивна и на високо ниво, максимално се подготвуваме за градското дерби и за настапите од плеј-офот.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »