Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките за полуфиналето на Купот.
Пелистер кој е бранител на титулата од ланското финале, во полуфиналето оваа сезона ќе игра против новајлијата во Првата фудбалска лига, а во второто полуфинале ќе играа Шкендија и Ренова.
Полуфинале:
Пелистер – Академија Паднев
Шкендија – Ренова
Полуфиналните натпревари се играат на 14 март, во идната среда со почеток во 14 часот, а реванш средбите на 11 април во 16 часот.
Екипата на Пелистер како домаќин првата средба ќе ја игра под Тумбекафе.
Финалето од фудбалскиот куп ќе се игра на 9 мај на стадион кој дополнително ќе биде определен од страна на натпреварувачката комисија на ФФМ.





