Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник победи во градското дерби, Пелистер со пораз по шест месеци (фотогалерија)

Пелистер – Еурофарм Работник 22:25 (12:12)

Спортска сала “Младост“

Гледачи: 3.500

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје

Пелистер: Петров, Јагуриновски, Маџовски, Рајатовски, Чантурија, Димитровски, Апостоловски, Ристевски, Чурич, Оријадзе, Браунович, Митревски, Јовановски, Ивановски, Митиќ, Везенковски.

Еурофарм Работник: Ојлевски, Трајковски, Петковски, Талевски, Пецаковски, Чурлевски, Мојсовски, Мемиќ, Умовиќ, Куковски, Дрогришки, Граџан, Кузмановски, Петровски, Мскхвилидзе.Пред 3.500 гледачи во спортската сала “Младост“ не беа доволна поддршка екипата на Пелистер како домаќин да ја забележи втората победа во Супер лигата. Овој пат победата заслужено им припадна на “гостите“ екипата на Еурофарм Работник, а во првото претставување на новиот тренер пред битолската публика не беше проследено со победа.

 

Ова е втор пораз на екипата на Пелистер откако во есенскиот дел освен поразот во првото коло во Радовиш, а оттогаш веќе шест месеци не знаеше за пораз, а неиграњето на тројцата ракометри Ориладзе, голманот Рајчиќ и засилувањето од Египед сигурно имаа значаен удел во поразот.

Се на се екипата на Еурофарм Работник заслужено победи со 25:22, а на полувеме беше нерешено 12:12. 

Што се однесува пак до самиот натпревар Еурофарм Работник беше подобар на почетокот, постигна лесни голови, а имаше разлика од 4-5 гола (5:1, 7:2) по што следуваше тајм-аут на Марковски. Потоа се до крајот на полувремето беше во знак на Пелистер. Ја “бркаа“ и ја стигнаа негативата и по 10:10, на полувреме се отиде на одмор со 12:12, гол прими во последните секунди, а во оваа фаза на играта се истакна голманот Јовановски, кој бранеше седмерци и даваше тон на играта.Второто полувреме со головите на Петровски беше во знак на Еурофарм Работник, а и резултатот беше +3 за нив (17:14) по што Пелистер дојде само на гол негатива во 48 минута, по што тајм-аут побата Темелковски. До крајот “фармецевтите“ ги немаа поради црвени картони Граџан, Чуриќ и Куковски, но не дозволија Пелистер да се доближи резултатски, а во 55 минута имаа три гола предност 23:20. До крајот остана таа разлика и победа на Еурофарм Работник 25:22.

Кај домаќинот Пелистер најефикасен Чантурија со 9, а кај гостите Еурофарм Работник Пецаковски со 7 и Петковски со 5.

И по поразот екипата на Пелистер остатанува на првото место на табелата, а Еурофарм Работник на второто место, со обезбеден пласман во плеј-офот, каде ќе разигруваат за конечен пласман.

Како и на првиот натпревар така и на овој на двата битолски ривали салата беше исполнета до последно место, а навивачката група “Чкембари“ му даде на Пелистер голема поддршка, за на крај двете екипи да бидат истратени со аплауз.

Домаќинот се погрижи оваа средба да помине во најдобар ред и со изненадувања за публиката.

Текст и фото: Сашо Ристевки

More from СпортMore posts in Спорт »