Press "Enter" to skip to content

ОФС Битола: стартуваше пролетниот дел од Третата македонска лига и општинските “А“ и “Б“

Изминатиот викенд општинскиот фудбалски сојуз од Битола ги организираше натпреварите од Третата македонска лига – југозападен регион, како и општинските “А“ и “Б“ лига. Според комесарот за натпревари, Златко Ралевски, натпреварите поминале без инциденти, а не се одигра два натпревари од “Б“ лигата.

Во Третата фудбалска лига се одиграа следните пет натпревари и се постигнати следните резултати:

Охрид Лихнидос – Преспа 1:2

Караорман – Сатеска 3:1

Фљамуртари – Велешта 2:0

Лирија – Кравари 2:1

Воска – Влазними 0:0

На табелата лидер е екипата на Кораби од Дебар со 36 бода, а екипата на Кравари е на третото место со 28 бода. Екипата на Могила Би Милк е на 8 место со 18 бода, а екипата на Баир Кркардаш е последна без бодови.

Во општинската “А“ лига се постигнати следните резултати:

Пелагонија (Логоварди) – Чагор (Лопатица) 2:4

Новаци 2011 – Светлост (Кукуречани) 2:0

Црнобуки – Партизан (Добрушево) 2:1

Буково – ДОСК (Долно Оризари) 3:2

Карамани – Победа (Ивањевци) 3:0

Поешево – Олд Бојс (Битола) 5:1

Црна Река (Чарлија) – Лисолај 1:1

Младост (Дедебалци) слободен

Во општинската “Б“ лига се постигнати следните резултати:

Меџитлија – Младост (Горно Оризари) 8:3

РИЗ (Битола) – Хајдук (Лознани) неодиграно

Пелагонија (Трап) – Буковски ливади (Битола) неодиграно

Космос (Будаково) – Пелагонија бел камен (Српци) 6:0

Јени Мале (Битола) – Крклино 2:3

Стрела (Могила) – Пелагонија (Добромири) 3:0

Еленик (Мусинци) – Напредок (Ношпал) 1:3

More from СпортMore posts in Спорт »