Press "Enter" to skip to content

Поради боксот в недела во “Младост“ нови термини за настапите на битолските клубови

Поради одржување на боксерските натпревари од Првото коло на сениорската и младинската боксерска лига во Битола направен е нов распоред на настапите на битолските екипи во спортската сала “Младост“ во овој спортски викенд.  Еве кој екипи ќе имаат натпревари во овој спортски викенд кој започнува денес.

Екипата на Еурофарм Работник денес го отвора богатиот спортски викенд за битолските екипи со натпреварот во Битола, во спортската сала “Младост“ каде во 17 часот ја пречекува екипата на Вардар Јуниор.

Ракометарите на Пелистер утре со почеток во 19 часот во салата “Билјанини извори“ во рамките на последното коло од Супер лигата, пред стартот на плеј-офот, се гости на екипата на Охрид.

И кошаркарите на Пелистер имаат нов термин, а тие в саботоа го имаат ракометниот термин. КК Пелистер во 18 часот ќе биде домаќин на екипата на Куманово.

Претходно во 15,30 минути во “Младост“ ќе се одигра првенствен натпревар од женската Супер лига помеѓу домаќинот, екипата на Пелистер и Овче Поле.

И фудбалерите од Првата фудбалска лига добија нов распоред, а наместо натпреварите да се играат во недела се играат утре. Утре екипата на Пелистер и гостува на екипата на Академија Пандев со почеток во 14 часот.

Женските фудбалски екипи од Битола, според календарот на натпревари на ФФМ денес ги играат своите прволигашки натпревари. Екипата на Топ-гол е домаќин на Топ гол е домаќин на Драгон на Ќумурното игралиште, а Атлетико гостува кај Унитед.

Во недела започнува и боксерската лига, а домаќин на екипите од Македонија ќе биде екипата на боксерскиот клуб Пелистер. Натпреварите започнуваат во 15 часот во спортската сала “Младост“ а влезот е слободен.

Исто така и ОФС Битола ги закажа термините за одигрување на натпреварите кои тие ги организираат во Третата фудбалска лига и општинските “А“ и “Б“ лиги.

More from СпортMore posts in Спорт »