Press "Enter" to skip to content

Во судиското време, 94 минута, Пелистер спаси бод, по автоголот во 48 минута

Академија Пандев – Пелистер 1:1 (0:0)

Фудбалерот на Пелистер, Александар Ристевски, кој повеќе го гледаме во одбраната, во судиското надополнување во 94 мунута, постигна гол со кој “пелистерци“ носат бод од Струмица, по ремито со екипата на Академија Пандев (1:1)

Фудбалерите на Марјан Секуловски во првото полувреме одиграа тактички онака како ги советуваше тренерот, и не дозволија екипата на Академија да направи нешто повече од една просечна шанса за гол, при удар од далечина, кога акцентот беше ставен на одбрана на својот гол.

Добрата тактичка поставеност сигурно ќе беше и во второ полувреме, но откако во 48 минута Филип Миленковски несреќно ја погоди сопствената мрежа, (0:1) сакајќи ја да спушти на земја топката, Секуловски регираше со измена со која го засили нападот со засилувањето Бовен. Тој му асистираше на Коњановски кој не биеше прецизно, но “пелистерци“ остнаа во игра.

Тоа што не успеаја за 45 минути да постогна гол, успеаја во 94 минута, во судиското време кога пред голот на домашниот голман се направи мешаница, во која најдобро се снајд Ристевски и го постигна голот за реми.

По ова коло екипата на Пелистер останува на 9. место со 22 бода, а на 7. и 8. место се екипите на Победа и Ренова со 25 бода, кои се директни противници за опстанок во лигата.

По ова коло поради настапите на македонската репрезентација има пауза до 29 март, кога под Тумбекафе гостува екипата на Вардар.

More from СпортMore posts in Спорт »