Боксерската федерација на Македонија за време на првото коло од Првата боксерска лига на Македонија, која започна да се одржува во Битола, додели плакети и благодарници за организации и поединци-битолчани кои дале придонес за развивање на боксот во Битола и Македонија и за негово промовирање.
Претседателот на боксерската федерација на Македонија, Игор Златков, додели две големи златни плакети за развој на боксот во Битола на:
–Општина Битола, за поддршката која ја дава локалната самоуправа за развој на овој спорт, а плакетата во име на Општината ја прими советникот во Советот на општина Битола, Методија Илиевски, и на
–Љупчо Мурџевски, догогодишен тренер во боксерскиот клуб Пелистер 2007, за придонес за равој на боксот во Битола.
АИБА судијата од Битола, Цане Георгиевски, во име на Боксерската федерација на Македонија на рингот “Младост“ ги додели благодарниците на познатите боксерски работници кои дале придонес во развојот на боксот во Битола.
Благодарници добија:
–Христо Димитровски, поранешен тренер на боксерскиот клуб Пелистер и некогашен селектор на поранешната југословенска репрезентација на Југославија и екс-селектор на репрезентацијата на Македонија.
–Живко Божиновски, поранешен тренер на Пелистер и помопник на Димитровски, и тренер на голем број на помлади битолски боксери.
–Сејдо Амедовски, поранешен боксер на Пелистер и југословенски првак во бокс.
–Илија Белџигеровски, основач и тренер на БК Битола и тренер на единествениот боксер кој освоил европски медал од Битола.
–Жарко Срдиќ, поранешен боксер и боди билдер
–Жарко Мурговски
-Златко Ралевски – ресторан “Путник“
-Иле Талевски.
Текст и фото: Сашо Ристевски





