Изминатиот викенд општинскиот фудбалски сојуз од Битола ги организираше натпреварите од Третата македонска лига – југозападен регион, како и општинските “А“ и “Б“ лига. Според комесарот за натпревари, Златко Ралевски, две екипи беа слободни во Третата фудбалска лига- југозапад, а во општинските “А“ и “Б“ лиги се одиграа сите натпревари, а натпреварите поминале во најдобар ред.
Во Третата фудбалска лига се одиграа следните пет натпревари и се постигнати следните резултати:
Охрид Лихнидос – Фламуртари 0:2
Кравари – Караорман 2017 2:2
Преспа – Воска 2002 4:0
Влазними – Октиси Спорт 1:0
Сатеска – Велешта 1:0
Кораби и Лирија слободни
Во општинската “А“ лига (15 коло) се постигнати следните резултати:
Светлост (Кукуречани) – Поешево 0:5
Партизан (Добрушево) -Младост (Дедебалци) 5:0
Доск (Д.Оризари) – Новаци 0:0
Буково – Пелагонија (Логоварди) 8:2
Лисолај – Црно буки ЗЛ 0:1
Победа (Ивањевци) – Чагор (Лопатица) 4:1
Олдбојс (Битола) – Црна река (Чарлија) 2:2
Карамани – слободен
Во општинската “Б“ лига (15 коло) се постигнати следните резултати:
Меџитлија – Јенимале 2:0
Младост (Г.Оризари) – Еленик (Мусимци) 1:1
Напредок (Ношпал) – Будаково 1:2
Пелагонија (Добромири) – Рис (Битола) 6:0
Пелагонија Б.К (Д.Српци) – Стрела Спорт (Могила) 1:4
Хајдук (Лознани)- Пелагонија (Трап) 2:0
Крклино – слободен





