Press "Enter" to skip to content

По пет сета младинките на Пелистер го победија Планет во гости во 1/4 финалето од Купот

Планет – Пелистер Волеј 2:3 (24:26; 25:15; 25:23; 22:25; 03:15) 

Четврт финалниот натпревар на младинските екипи Планет и Пелистер Волеј се играше пет сета, а по два часа игра со неколку збора може да се опише само како тежок, тензичен, напнат и крајно неизвесен натпревар. Победата на младинските на Пелистер Волеј е запечатена во петтио сет кој тие го добија со 15:3.

За тоа како се одвиваше натпреварот од Пелистер Волеј велат:

-Во првиот сет започнавме одлично, отворивме со 3:0, а на прв тајм-аут за гоститете резултатот беше 8:3 за Пелистер Волеј. Сетот резултатски се одвиваше во наша полза и беше 22:18 за Пелистер, за веднаш потоа по низа грешки Планет да сигни прв до сет топка 24:23.  Но,  нашите девојки не дозволија целосен пресврт и со мини серија го добивме овај сет со 26:24, а тоа значеше воство по сетови 1:0.

Потоа два сета добија домаќините, а за тој тежок период од натпреварот за “пелистерки“ кога Пленет поведе 2:1 по сетови велат:

-Во вториот сет започнаа нашите проблеми. Безброј грешки, мрежи и грешни сервиси беа составен дел на вториот сет. Започнавме со 3:0 па беше 4:4. Противникот со низа грешки се одлепи на 13:5 а потоа лесно стигнаа до 25:15 и 1:1. Трет сет започна со 3:1 за Планет па 7:6 и се до крај одевме изедначено. Беше 21:20 за Пелистер, но повторно со многу грешки и овај сет замина во полза на Планет со 25:23.

Последните два сета им припаднаа на младинките на Пелистер.

-Пред да почне четвртиот сет бевме решени на се или ништо. Започна со 5:2 па 13:07 и 16:09 за Планет и ништо не наговестуваше дека е можен пресврт.  По двата наши тајм-аути веќе немавме можност за совет, но тука како да се разбудија нашите девојки, како тогаш да започна натпреварот.
Набрзо предноста се стопи и беше 19:18 за Планет. Изедначувањето дојде дури на 21:21.
Потоа по одличните серви беше 23:22 за Пелистер Волеј и на крај 25:23. Петтиот сет помина во наша тотална доминација и надмоќ, за конечни 15:03 во петтиот сет и 3:2 за Пелистер Волеј.

Останува возвратниот дуел во Битола и никако нема да се залажуваме, зошто ова е најтежок резултат и повторно, само победа значи сигурен пласман во Ф4.

More from СпортMore posts in Спорт »