Пелистер – Металург 33:30 (17:17)
Пелистер: Митревски, О. Вардовски, С. Ристовски, Манојловски, Илиев 6, Ставревски, Петковски 3, Галевски, Јовановски 11, Ф. Вардовски, К. Ристовски 6, Видановски, Гулабовски, Степановски 2, Илиевски и Стевановски 5.
Седмерци: 4/4. Исклучувања: 10 минути.
Металург: Ацевски, Димевски 3, А. Вељановски, Донев, Ѓоргиевски, Ивановски, Дуноски, Мелоски 1, Јорданов 3, Андревски 2, Б. Вељановски 4, Прентоски 8, Стојановски 2, Блажевски 1, Николов 4 и Петровски 2.
Седмерци: 5/7. Исклучувања: 8 минути.
Судии: Илиевски и Марковски од Битола.
Делегат: Стефановски Александар од Битола.
Младинците на Пелистер во рамките на 10. kоло од машката Супер младинска лига ја победија екипата на Металург во Битола, кога проработи спортскиот инает кај младите “пелистерци“.
-Во очекуван добар натпревар по поразот во Скопје во есенскиот дел, а се одигра вистински младински натпревар одигран на солидно техничко ниво, со фер судење, а самиот натпревар беше неизвесен до самиот крај, рече кратко по завршувањето на натпреварот, тренерот Михајло Силјанов, кој екипата ја води заедно со Александар Зарков, кој за самиот натревар додаде:
-Висока борбеност и физичка подгототвеност, како и прецизност на скок ударите кон голот, посебно во второто полувреме, беа одлучувачки фактор за победа на Пелистер.
Од Пелистер искажуваат честитки за победата на малдинците над Металург, но и до “децата“ од Металург.





