Press "Enter" to skip to content

Битолскиот аикидо мајстор, Ѓуро Илиќ, предавач на семинарот за аикидо за возрасни во Белград (фото)

Битолскиот аикидо мајстор, Ѓуро Илиќ, викендов беше предавач на големиот балкански семинар за реален аикидо “Љубо Врачаревиќ“ за возрасни, кој традиционално се организира во Белград, Србија. Семинарот беше во организација на WCRA, светскиот центар за реален аикидо.

За учеството на семинарот Илиќ по враќањето во Битола ни рече:-Овој семинар е традиционален, а поради големиот интерес од страна на сите аикидо федерации од Балканот, годинава е поделен на два дела, за деца и возрасни. Во декември се одржа семинар за деца на кој имаше повеќе од 400, а викендов се одржа семинар за аикидо за возрасни, а ги имаше, како можете да забележите на фотографиите од таму, повеќе од 200. Во таа насока и семинарот помина во позитивна атмосфера, а како рекоа од светската аикидо федерација, бил еден од подобрите семинари.

Овој семинар се одржа под мотото: “Сите заедно да продолжат да чекорат по патот на мајсторот Љубо“.-Љуба Врачаревиќ беше првиот кој започна да тренира реален аикидо и ги постави сите стандарди за овој спорт. Неговата ќерка Ана Врачаревиќ го продолжи неговиот пат, а секако и сите ние кои бевме негови ученици. Големиот мајстор Љубо беше и мој учител и голем пријател, а знаат битолчани дека многупати беше во Битола, во Будо-центарот, а јас има обрска да го продолжам неговото учење, што се надевам ќе биде успешно. Во таа насока, според календарот на Аикидо федерацијата на Македонија, во средината на идниот месец ќе се одржи семинар за реален аикидо – форми во Битола, на кој ќе учествуваат репрезентации од цел Балкан.

Реален аикидо – форми е новина за спорската јавност, а за тоа што значи тоа, за спортската јавност Илиќ вели:-Покрај семинарот за реален аикидо за возрасни во Белград се одржа и презентација за реален аикидо –форми. На презентацијата учествуваше и македонската  репрезентацина со вкупно триесет репрезентативци, во сениорскаи јуниорска конкуренција, во која има и голем број битолчани. Репрезентацијата беше третопласирана, но со оглед на тоа што кај на реален аикидо- форми е новитет, имаме голем потенцијал да натпредуваме.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »