Press "Enter" to skip to content

И Пелистер и Еурофарм Работник посакуваат победа на прватa средба од плеј-офот

Утре со одигрувањето на првото коло од ракометниот плеј-оф започнува разигрувањето за тоа која екипа ќе ја понесе годинашната ракометна титула и кои екипи ќе ја претставуваат Македонија во европските натреварувања, а започнува и плеј-аутот.

На отворањето двете битолски ракометни екипи ќе играат меѓу себе во спортската сала “Младост“ во Битола, а улогата на “домаќин“ на ова градско ракометно дерби ќе ја има екипата на Еурофарм Работник, а “гостин“ ќе биде екипата на Пелистер.Двата ракометни табори ја посакуваат победата и со почетни бодови да старуваат во плеј-офот. Зимското засилување на Еурофарм Работник, Михајло Петровски за утрешното градско дерби рече:

-Очекувам тежок натпревар утре во “Младост“, но ќе кажам дека ќе биде многу потешко да се игра отколку во регуларниот дел од Супер лигата. Последното градско дерби не беше многу битно за двете екипи бидејќи двете имаа обезбедено пласман во плеј-офот, но сега започнува вистинската битка за пласман на конечната табела. На двете екипи им требаат и ги посакуваме првите бодови и затоа ќе биде многу потешко да се игра, се надевм пред полни прибини во “Младост“. Ако сакаме ние да ја имаме првата победа ќе мораме да одиграме исто како и во претходната средба иако така одиграме победата ќе биде наша, но ќе повторам дека натпреварот ќе биде тежок и неизвесен до крајот, секако на среќа на ракометната публика во Битола.

Од екипата на Пелистер исто така се надеваат на позитивен резултат, а тренерот Борче Марковски за престојното дерби вели:-Во оваа средба влегуваме со двата повредени ракометари, нашиот голман Рајчиќ и најдобриот стрелец Оријадзе, но ќе го немаме египетското засилување. Двајцата иако се опоравени од повредите, ќе бидат во тимот, но не ќе можат да дадат сто проценти, но секако ќе дадам максимум за тимот. Што се однесува пак до самата средба сакам да нагласам дека двете екипи се изедначени по квалитет, а тоа се гладе и како го завршија регуларниот дел од сезонаат. За тоа кој ќе биде победник во градското дерби, според мене, ќе одлучи одбраната, односно онаа екипа која ќе игра поагресивна одбрана ќе биде победник, а спортски е да се надеваме дека Пелистер ќе биде првиот победник во плеј-офот во двете меѓусебни средби со екипата на Еурофарм Работник.

Како и најавија утрешните домаќини, екипата на Еурофарм Работник, на последната заедничка средба, утрешниот натпревар ќе има хуманитарен карактер. Целиот приход од продадените влезници, по цена од 70 денари, ќе биде дониран во хумантарни цели.

Утрешното градско дерби Еурофарм Работник – Пелистер ќе се одигра во редовниот ракометен термин во спортската сала “Младост“ во Битола, со почеток во 18,30 часот.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »