Претстојниот спортски викенд за разлика од претходниот кога настапува сите спортски клубови од Битола, е мирен и ќе се одиграат само натпревари во ракометниот плеј-оф, Првата кошаркарска лига и државната одбојкарска лига.
Во “Младост“ утте во 18,30 се игра градското дерби од ракометниот плеј-оф помеѓу Еурофарм Работник и Пелистер.
Кошаркарите на Пелистер в недела се домаќини на екипата на Кожув во рамките на Првата кошаркарска лига.
Одбојкарките на Пелистер Волеј во рамките на 14. коло од Државната сениорска лига ја пречекуваат екипата на Куманово, а натпреварот започнува в сабота во 17 часот, а ќе се одигра во спортката салат на Државното медицинско средно училиште.
Сите останати клубови од Битола овој викенд ќе одмараат.
Фудбалерите на Пелистер паузираат поради настапите на македонската фудбалска репрезентација на подготвителен турнир за претстојното светско првенство во Русија.
Редовното коло од жанската прва лига е одложени поради врнежите на снег кои ја зафатија држата, па така фудбалерките на Топ гол ќе имаат слободен викенд.
Исто и ракометарките на Пелистер немаат натпревари овој викенд, а редовното коло нема да игра поради натпреварот на македонската репезентација протиб Фарски острови во Скопје.





