Press "Enter" to skip to content

Првата градска, ракометна, плеј-оф пресметка за Еурофарм Работник

Еурофарм Работник – Пелистер 22:15 (10:9)

Спортска сала: „Младост“ – Битола. Гледачи: 3.000.
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје

Еурофарм Работник: Умовиц, Иановски, Ојлески 4, Трајковски, Пецаковски, Талевски, Чурлевски, Мојсоски 5, Мемиќ, Кукоски, Крстевски 2, Дрогришки 3, Граџан 2, Кузманоски 3, Петровски 2, Мсквaилидзе 1

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 10 минути

Пелистер: Рајчиќ, Јовановски, Брауновиќ, Петров 2, Јагуриновски, Маџовски 1, Рајатовски, Чантурија 1, Димитровски, Апостоловски, Чуриќ 3, Орјоникидзе 6, Митревски 1, Ивановски, Митиќ 1, Везенковски

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 10 минутиПрвата плеј-оф пресметка во спортската сала “Младост“ во Битола помеѓу двата битолски супер лигаши Еурофарм Работник и Пелистер му припадна на денешниот “домаќин“ екипата на Еурофарм Работник, а според прикажаното сосема заслужено и на своето бодовно салдо на плеј-оф табелата ги прокнижија првите бодови.

Двете екипи покажаа на теренот желба за победа, како и најавија, а вистинска битка се водеше на двете страни посебно во одбраната.

Ракометарите на Еурофарм Работник одлично резултатски ја отворија средбата, а по стартните 3:0 и 4:1, тренерот на Пелистер, Марковски, во 10 минута побара тајм-аут.  По ова следуваше добра игра на Пелистер за во 17 минута да биде израмнето 6:6 со головите на Оријадзе и Чантурија. По израмнување сосема очекувано тајм-аут побара Темелковски од другата страна, а по 7:7 и 8:8 “фармацевтите“ направија два гола разлика 10:8. На одмор се замина со 10:9 за Еурофарм Работник. Во првиот дел треба да се забележи и дуелот меѓи Граџан и Митревски во 20 минита, по што двајцата добија исклучување, но за среќа се се заврши само на тоа.

По неколку минути во продолежението Еурофарм Работник дојде на четири гола разлика 15:11, 16:12, а потоа Пелистер дојде на -2 со добра обдрана. Потоа пак Еурофарм Работник имаше +4, а дојде и до +5 (20:15) по одличните одбрани на Филип Ивановски кој имаше неколку одлични одбрани во серија. До крајот Пелистер не погоди, а Еурофарм Раборник со нови два гола дојде до +7 (22:15).

Победата на Еурофарм Работник над Пелистер беше повод за радост на “фармацевтите“ и први бодови.

Најефикасни кај победникот Еурофарм Работник беа  крилата Ојлески и Мојсоски со по четири гола, додека кај Пелистер Орјонидзе со шест голови, а Чуриќ погоди трипати.

Во следното коло нема плеј-оф ракомет во Битола, двете бутолски екипогостуваат, Еурофарм  Работник кај Вардар, а  Пелистер кај Пролет.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »