Press "Enter" to skip to content

Нова вредна победа на кошаркарите на Пелистер (фото)

Пелистер – Кожув 89:78 (39:31)

Спортска сала “Младост“ во Битола

Гледачи: 600

Судии: Митровски, Бошковски и Петровиќ.

Пелистер: Анакиевски 18, Голубовиќ 21, Талевски 2, Луис 20, Талтон 12, Илиевски 6, Давков 6, Атанасовски, Фундербург 4, Цветиновиќ, Обедниковски, Трсунов.

Тренер: Зоран Петковски

Кожув: Апостолов, Шалев, Пековиќ 22, Мишковиќ 27, Нацевски 9, Шутаров, Ангелов, Петров, Воркапиќ 16, Божинов, Мамузиќ 4.

Тренер: П. НиколовКошаркарите на Пелистер од коло во коло играат се подобро, а како резултат на таквата игра сеи победите кои ги постигнуваат од коло во коло.

Ова коло “жртва“ на “пелистерци“ беа кошаркарите на Кожув кои се надеваа на победа и пласман во кошаркарската Суперлига  со резултат 89:78, полувреме 39:31.

Првата четвртина помина во изедначена борба, а гостите имаа кош предност, но во втората четвртина “пелистерци“ заигра подбро и направија 23:14, што беше доволно на одмор да отидат со +8 коша.Третата и четвртата четвртина беа комплетно во знак на домашните кошаркари кои не дозволија ниту во еден момент да се загрози победата. Гостите најблиску беа на пет коша разлика, но расположените за игра битолчани лесно стигнаа до вредната победа.

Најдобар стрелец кај Пелистер беше Голубовиќ со 21 кош и покажа добра игра како во нападот така и во одбраната, Луис заврши со 20, а Анакиевски постигна 18 коша.

More from СпортMore posts in Спорт »