Ракометарите на Пелистер и Еурофарм Работник синоќа во спорската сала “Младост“ одиграа градско ракометно дерби во кое се радуваше на крај помладиот суперлигаш, екипата на Еурофарм Работник.
Додека на паркетот во “Младост“ се водеше битка за секоја топка, а дуелите во одбраните кај двете екипи не беа агресивни, а на моменти атмосферата се вжештуваше до криточната точка, на трибините заедно натпреварот го следеа управите на двата клуба.
Ова беше најавено уште на натпреварот од регуларниот дел, а продолжи и на натпреварот од плеј-офот каде Управите беа предводени од водечките лица, кај Пелистер – Васко Ковачевски и кај Еурофарм Работник – Зоран Стерјев.
Гест на двете управи кои вреди да се поздрави, а да се надеваме дека изјавите на двата клуба дека ривалството ќе трае само 60 минути на паркетот каде екипите ќе бидат лути противници, а потоа пријатели, ќе се исполни од двете екипи и од управите и ракометарите.





