Пелистер Волеј – Куманово 2:3 (15:25; 25:18; 25:22; 18:25; 09:15)
Во рамките на 14 коло екипата на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј е поразена на свој терен, во натпревар кој се одигра во спортската сала на средното медицинско училиште.
Иако сепоразени од клубот велат дека девојките одиграле одличен натпревар, повториле одлична игра како во Куп нарпреварите и ако вака посветено играме и во иднина се почесто ќе се радувааат на успеси.
Роберт Митковски за натпреварот вели:
-Одличен првенствен натпревар во кој нашите девојки освоија бод против екипата на Куманово, а публиката уживаше во една прекрасна, борбена игра со многу надмудрувања. Што се однесува пак до самата игра и бодовите има и за што да жалиме, особено што имавме одличен резултат од 2:1 по сетови. Освен во првиот сет, во кој започнавме лошо и го загубивме со 25:15, останатите два сетови беа во наша полза во кои покажавме разноводна игра буквално од секоја позиција. Често менувавме од клупата и ротиравме со сите играчи, онака како што налагаше самата игра, на моменти акцент стававме на нападот, а на моменти на одбраната, кој за одлучувакиот дел од натпреварот додава:
-Во четвртиот сет игравме изедначено до 17 поен, но гостинките повеќе се снајдоа.И во петтиот сет по почетното водство на Куманово се обидовме да им се доближиме и успеавме да се заканиме но само до средината на сетот, па повторно со низа грешки и малку несреќно, гостинките извојуваа победа.






