Бошевска на балканскиот турнир во кик-бокс “Балкан опен 2018“ кој се одржа во градот Тешањ во Босна и Херцеговина го освои второто место во кик-бокс со што уште повеќе му се наметна на селекторот на македонската кик-бокс репрезентација за наредните натпревари.
Според зборовите на нејзиниот тренер, Тони Бошевски од кик-бокс клубот Самурај од Битола, Леа неочекувано одлично се снашла на овој турнир.
-Леа како член на македонската кик-бокс репрезентација беше поразена во финалето на поени, со тесен резултат од домашната кик-боксерка Ада Хоџиќ. Претходно имаше две одлични борби, прво во четврт финалето ја победи Ивона Гаравиќ, а во полуфиналето Зејфа Ахметовиќ, вели Тони Бошевски и додава дека иако распоредот на борните бил доста згуснат и немало многу време за одмот таа одлично се снајде посебно во кик-бокс.
Леа Бошевска по враќањето во Битола, за учеството на вој турнир вели:
-Имав одлични подготовки за овој турнир бидејќи знаев дека ќе бидам таму и сакав да се претставам во силно издание. Имав три борби и на две победив, но мислам дека со малку повеќе самодоверба ќе ја победев и третата, најважната за златниот медал. Но, задоволна сум и од среброто, и се надевам дека на наредниот турнир без разлика каде и да е ќе се вратам со злато.
Леа Бошевска на овој балкански турнир се проба и во дисциплината лај-контакт, но беше поразена од Ивона Гадовиќ.
Покрај тоа што нејзиниот татко Тони Бошевски беше со неа како тренер, со нив беше и нејзината мајка, Гордана Цветковска-Бошевска, која во Тешањ, беше судија на овој традиционален турнир.
С.Р.






