Љубителите на фудбалот во Битола и оваа седмица не ќе можат да гледаат прволигашки фуднал на стадионот под Тумбекафе, бидејќи вечното дерби на македонскиот фудбал Пелистер – Вардар, кое беше закажано за четврток е одложено.
Причината поради која екипата на Вардар побара одложување е таа дека во редовите на сите селекции на екипата на Вардар имало голем број на фудбалери кои во овој период настапуваат за своите национални селекции и истите ќе имаат многу мал временски период целосно да се подготват за настапот во Битола.
Големото дерби требаше да се одигра во Битола, а најверојатно ќе биде закажано за идниот четврток на 4 април.
Екипата на Пелистер ќе треба во иднина да одигра уште еден одложен натпревар, против екипата на Силекс, кој исто така беше одложен поради снег на теренот во Кратово.






