Пелистер – МЗТ Скопје 64:97 (24:50)
Спортска сала “Младост“ во Битола
Гледачи: 500
Судии: Милојевиќ, Деспотовски и Михајловиќ
Пелистер: Илиевски 5, Бошевски, Голубовиќ18, Фундербург 5, Талтон 3, Давков 3, Атанасовски 7, Трајковски 6, Талевски 3, Цветиновиќ, Обедниковски, Трсунов 14.
МЗТ Скопје: Стојановски 17, Маслинко 2, Лалиќ 8, Крафорд 7, Синовец 11, Пенов 3, Симоновски 13, Тодоровски 3, Миса, Соколов 18, Спасојевиќ 12, Нешовиќ 4.

Кошаркарите на Пелистер со последната средба во Битола, против екипата на МЗТ Скопје, го завршија регуларниот дел од оваа кошаркарска сезона и можат само да жалат за уште две победи со кои ќе обезбедеја учество за разугрување, во Супер лигата. Вака им останува само да го потврдат опстанокот во преостанатите натпревари од плеј-аутот.
Тренерот на Пелистер, Зоран Петковски сосема очекувано, како и најави, ги одмори странците и искусните кошаркари и им даде шанса на помладите кои имаа солидна минутажа и покажаа колку се подготвени за прволигашки средби.
Сепак квалитетот на гостите од Скопје, не им понуди многу на “пелистерци“ освен чесен пораз пред својата публика во Битола. Гостите имаа предност во три четвртини, а само во третата битолчани направија позитива.
Најефикасен во екипата на Пелистер беше Мико Голубовиќ со 18 коша со 21 минута на паркетот, а следуваа Трсунов со 14 постигнати коша.
С.Р.






