На последната седница на бордот на директори на ракометниот клуб Пелистер за нов тренер на сениорската екипа е назначен Томче Петрески, кој доаѓа од местото тренер на Молудиа од Мароко, а со екипата избори пласман во мароканскиот плеј-оф. Петрески досега бил тренер на европските екипи, француските Оријак, Ла Роче и Реикс и косовска Беса Каваја, а бил тренер и на тимот на Прилеп.
Петрески е познат на битолската ракометна и спортска екипа како играч на ракометниот клуб Пелистер, но и како ракометен тренер на женската и машката екипа на Пелистер.
На клупата на Пелистер беше краток период од пет месеци во периодот од декември 2013 до април 2014 година.
Инаку, Петрески доаѓа на местото тренер на Пелистер по оставката на Борче Марковски по поразот во саботата од екипата на градскиот ривал Еурофарм Работник, а во изминатите дена се шпекулираше како можни наследници на Марковски со имињата на Шундовски, Бошковски и Зарков.






