Press "Enter" to skip to content

Боксерите на Пелистер по две кола први на табелата

По две кола од бокерската лига на Македонија, екипата на боксерскиот клуб Пелистер во сениорска конкуренција е прва на табелата.

Во второто коло кое се боксоваше во Штип поради повреда на раката не настапи Александар Најдовски – Сканта, но сепак благодарени на бодовите од Битола, “пелистерци“ останаа на првото место.

Еден од тренерите на Пелистер, Александар Димовски – Димса за двете кола кои поминаа вели:

-Не само јас туку сите во клубот сме задоволни како поминаа двете кола и пласманот кој го имаме на првото место. Имавме одлични натпревари во Битола и Штип, но ако во последното коло во Штип настапеше Скантата ќе имавме повеќе бодови на табелата и поголема разлика пред второмпласираната екипа на Тигар. Пелистер сега има 12 бода, а Тигар има 8 бодови.

Во последното коло за екипата на Пелистер настапи во сениорска конкуренција до 69 килограми  Денис Муаремовскикој на поени со 3:0 го победи Емир Ибртаими од Тернипе.

-Наредното коло ќе биде по велигденските празници продолжуваат натпреварите од боксерската лига на Македонија, а тоа ќе биде во Делчево, а домаѓин ќе биде екипата на Тигар. За таму планираме поголема екипа, а покрај што ќе го имаме Најдовски ќе имаме и други боксери со што ќе ја зацврстиме првата позиција, додава Димовски.

И младинците на Пелистер имаа борби во Штип, а по две кола тие се на четвртото место на табелата со 12 бода. Во неделата настапи до 64 килограми Рамон Казимов од Пелистер, кој со прекин го победи Ерај Мехмет од Пинк Пантер.

Додека сениорите ќе паузираат, младинците на Пелистер оваа седмица ќе имаат настапи на меѓународен турнир во Црна Гора.

С.Р.