Вардар – Еурофарм Работник 38:29 (18:8)
Екипата на Еурофарм Работник е поразена во второто од европскиот првак, Вардар убедливо како и се очекуваше со резултат 38:29, полувреме
Битолските “фармацевти“ имаа само на почетокот “реми“ кога имаа 2:2, за потоа да следи серија од 5:0 за Вардар за 7:2, по што следуваше тајм-аут на Темелковски, кој не донсе ништо ново, а разликата се зголемуваше, а на полувреме дојде до 10, 18:8. Во овој дел играта на битолчани се истакна голманот Филип Ивановски, кој одлично запре некои удари на “вардарци“, а за тоа доби и награда, аплауз, од публиката.
Во второто полувреме повторно се зголемуваше разликата, а Вардар дојде и на +15, со резултат 27:12. Ракометарите на Еурофарм Работник покажаа добра игра, но тоа не беше доволно да му се даде отпор на Вардар.
-Очекуван пораз. Знаеме дека овде со Вардар не може да излезат на крај и многу поквалитетни екипи од нас. Моите играчи мислеа дека Вардар е тим на „вонземјани“ и правеа многу технички грешки, но во соблекувалната на полувреме, им посочив на моите играчи се искусни и дека не смеат да прават такви технички грешки. Во вториот дел, не примавме толку лесни голови и се покажа дека од овој натпревар ќе имаме голем ќар за следните предизвици. Голманите одбранија коректно, аИвановски симна доста зицери на квалитетните домашни играчи кои имаат страшни шутеви, вели Темелковски.
Во екипата на Еурофарм Работник најефикасен беше Граџан со пет постигнати голови, а Мсквилидзе и Чурлевски со по четири.
Во следното Еурофарм Работник дома ја пречекува екипата на Металург.
Фото: РК Вардар





