Гимназијата “Јосип Броз Тито“ се пласираше на Гимназијадата која оваа година ќе се одржи во Тетово, откако победи на регионалниот натпревар кои се одржа вчера во Прилеп.
Одбојкарската екипа одигра три натпревари до патот до Гимазијадата, кои ги доби без ниту еден загубен сет. Девојките не им оставија ни минимални шанси за надеж на противниците и со три максимални победи ја резервираа картата, покрај домаќинот од овај регион Тетово. Освен овие екипи ќе има по две екипи од скопскиот регион и источниот дел на Македонија.
Младите гимназијалки славеа победи над нивните врснички од Неготино 2:0 (25:07, 25:11), Крушево 2:0 (25:07, 25:18) и Прилеп 2:0 (25:18, 25:20).
Инаку, во екипата на Гимназијата “Јосип Броз Тито“, буквално, целата одбојкарска екипа е од редовите на Пелистер Волеј.
Оваа екипа на Горната Гиманзија го освои бронзениот медал на Гимназијата која се одржа во Битола.





