Press "Enter" to skip to content

Денес под Тумбекафе вечното дерби на македонскиот фудбал Пелистер-Вардар

Иако според квалитетот на екипите и пласманот на табелата на екипите на Вардар и Пелистер, екипата на Вардар е фаворит, сепак за нивниот трет годинашен натпревар од Првата фудбалска лига има голем интерес кај битолската фудбалска и спортска јавност.

Мотивот за овој натпревар на многупати се покажало дека е пресуден за резултатот, а не квалитетот на екипите, па така и битолчани се надеваат на позитивен резултат денес. Но, за разлика  од навивачките желби на битолчани за добар резултат, фудбалерите на оваа средба влегуваат со претпазивост и не се расфрлаат со изјави, бидејќи знаат дека седум години Вардар не е поразен под Тумбекафе. 

Единствено сите се надеваат дека екипата на Вардар во Битола, нема да биде многу мотивирана бидејќи не брка бодови за титула, а тоа ќе биде шансата за Пелистер.

-Натпревар за почит во македонскиот фудбал, кој секогаш ја мамел публиката да дојде на стадион и да бодри екипата за која навива, без разлика каде настапуваат двете екипи, во Битола или во Скопје. Па така, според тоа како се организираат навивачите ќе биде и во Битола. Што се однесува пак до резултатот, екипата на Вардар е фаворит на оваа средба, но ова е дербито на македонскиот фудбал и предвреме не може никокој да даде прогноза. Ние сме мотовирани и по паузата подготвени да дадеме максимален учинок на теренот под Тумбекафе, вели капитенот на Пелистер, Гоце Тодоровски.

Оваа фудбалска сезона Вардар и Пелистер одиграа два натпреварии на двата победи со 1:0, а таа статистика “пелистерци“ би сакале да ја ублажат,

Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар на стадионот “Под Тумбекафе“ се игра од 15.00 часот, а главен судија ќе биде Фатон Мустафи од Тетово.