Пелистер – Вардар 0:0
Вечното дерби на македонскиот фудбал годинава, играно под Тумбекафе помина во изедначена игра, без сериозни шанси за гол, без големи дуели, а двата најинтересни моменти беа надвор од фудбалската игра, “баклијадата“ на навивачката група “Чкембари“ и кавгата помеѓу фудбалерите по пеналот кој го бараат фудбалерите на Вардар.
Натпреварот во првите дел беше неинтересен, а фудбалерите на Пелистер брзо го надминаа тоа што Вардар беше фаворит и полека ги средуваа редовите, а веќево вториот дел во одредени делови беа подобар противник, а “пелистерци“ доколку беа малку похрабри посериозно ќе го загрозеа голот на Гачевски.
Во продолженито Секуловски во игра го внесе Иве Трифуновски влезе во игра кај домаќините, кој имаше добра шанса за гол, но по убавите „ножички“ на Трифуновски топката помина покрај дирекот на Гачевски.
Најзрелата шанса на натпреварот ја имаше Максимов, кој во 64. минута ја погоди стативата од битолскиот гол.
Кога двете екипи се помирија со по бод од Битола, во судиското продолжение Петровски стартуваше врз Максимов, “вардарци“ бараа најстрога казна, но Мустафи одмавна со рака, па следуваше расправија помеѓу фудбалерите на двете екипи, а двете клупи влегоа во терен да ги смируваат фудбалерите, но се заврши со три жолти картони.
Потоа следуваше корнер за Вардар кој го изведе Блажевски, Новак биеше со глава, а Петровски со чудесна парада го спаси Пелистер и натпреварот заврши без голови.
По ова коло Пелистер останува на претпоследното место, 9. со 23 бода, но со натпревар помалку кој ќе го игра во четврток во Кратово, против екипата на Силекс.
С.Р.






