Press "Enter" to skip to content

Победа на ЖФК Топгол во Скопје против Њу Јорк

Њу Јорк – Топ гол о:3 (0:1)

На фудбалскиот терен Пржино во Скопје, сениорската женска екипа на Топ гол од Битола издвојува нова победа над екипта на ЖФК Њу Јорк од Скопје во натпреварот од 13 коло од ПФЛ-жени.

Битолчанки со головите на Ѓорѓиоска во 9 минута и Јанковска во 47 и 75 минута  прокнижија нови три бода на нивното бодовно салдо.

-Им честитам на моите фудбалерки за издвојуваната победа, разликата во квалитет на нашата екипа и добрата игра за време на целиот натпревар резултираше со успех. Жалам само за огромниот број на пропуштени шанси. Оваа победа полека ни ја враќа самодовербата и мотивот за продолжетокот на сезоната, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.