Press "Enter" to skip to content

Традиционално, точно на средина на првото, “баклијада“ на “Чкембарите“ под Тумбекафе (фотогалерија)

Вечното дерби помеѓу Пелистер и Вардар од секогаш покрај пресметката на фудбалскиот терен имало и пресметка на трибините.

Навивачката група “Чкембари“ со многу идеи, песни, трансперенти и сценографија ги одбележувала овие дерби натпревари и докажувала дека е најдобрата навивачка група во Македонија.И на последното дерби Пелистер – Вардар се повтори традицијата. Точно на средина на првото полувреме започна “баклијадата“ на навивачката група “Чкембари“ со палење на голем број на пиротехника, а се беше во знакот на зелената боја на Пелистер.

Во текот на целиот натпревар се бодреше екипата на Пелистер, а во рацете на навивачите се најдоа и транспаренти.

Инаку, собирањето на навивачите беше традиционално “на бутки“, а дојдоа од сите страни на градот.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »