Сити Волеј Славков – Пелистер Волеј 0:3 (14:25, 20:25, 21:25) пионери
Бами Кор – О.К Пелистер Волеј 3:2 (25:17; 25:14; 22:25; 22:25; 15:13) – сениори
Пионерската екипа на Пелистер Волеј во првото коло од 1/4 финалните натпревари издвојува голема победа на гостувањето во Скопје против екипата на Сити Волеј Славков.
За оваа вредна победа од клубот велат:
-Победа која за нашиот клуб е од огромно значење, затоа што покрај младинките, и пионерките со оваа победа имаат можност за уште еден висок пласман на пиедесталот . И двете екипи на Пелистер Волек со една нога се во Ф4 и доколку успееме за нас ќе биди историски најголем успех со младите категории, во кои клубот вложува многу сретства енергија и време. Остануват и ревеншите во кои и со кадетките во 1/4 имаме шанса, иако рака на срце тоа ќе биди екстремно тешка мисија, по првиот пораз од 3:0 во гости во Струмица.
За разлика од пионерките, сениорките на Пелистер Волеј, по којзнае кој пат одиграа шок натпревар во кој се поразени со 3:2 од екипата на Бами Кор.
-Започнавме одлично, играта во поле беше многу добра и се играше изедначено до средината на сетот но потоа по низа грешки тетовчанки ја искористија шансата и поведоа со 1:0. Вториот сет игравме катастрофално и потфрливме во секој поглед, а за тоа резултатот говори, освоивме 14 поени од кои само 4 директни, нешто што е недозволиво…2:0 за Бами Кор. Долго ротиравме и баравме идеална комбинација и кога сите мислеа дека сè е решено, на теренот како да се појави друга екипа, ја превзедовме иницијативата и заигравме многу подобро и попосветено, со огромно залагање за секој поен, во кој грешките значително ги намаливме. Ги добивме двата сета идентично со по 25:22 и 2:2 во сетови. Во петтиот сет започнавме одлично и поведовме со 6:3 и по изедначувањето од 6:6 и 7:7 отидовме со водство на спротивната страна со 8:7. Домаќините одговорија со 10:08 и тајм-аут за Пелистер. Потоа беше 12:09 за Бами Кор и 2 тајм-аут за Пелистер. Потоа следеше мини серија од 2:1 за Пелистер и на 13:11 тетовчани побараа тајм-аут. Поен за Бами Кор 14:11,потоа мини серија на Пелистер од 2:0, 14:13 и серва за нашата екипа. После сите овие надмудрувања од страна на двете клупи со тајмаути искористени во самиот финиш, во еден помалку несреќен поен го загубивме петтиот сет со 15:13, вели во одличната анализа за нашиот портал, тренерот Робер Митковски, кој додава дека повторно освоивме бод, но шансата е пропуштена со лоша игра во првите два сета, игра која беше недопустлива.





