Press "Enter" to skip to content

Пелистер изгуби два бода во “судиското време“ од четири минути

Силекс – Пелистер 1:1 (0:1)

Фудбалерите на Пелистер во судиското надополнување од 4 минути изгубија два бода и наместо со три бода од Кратово се враќаат во Битола, само со еден, откако Глигоров постигна гол за Силекс во 94 минута, во заостанатиот натпревар од 21. коло од првата фудбалска лига на Македонија.

Пелистер успеа да поведи со 1:0, со голот на Петар Љамчевски, во 2. минута по акцијата на Бојан Илиевски кога испрати центаршут, а на вистинското место се најде стрелецо,т кој од прва биеше прецизно во мрежата на домашниот голман. По водството Пелистер “се затвори“ а првата шанса домашните ја имаа кон крајот на првото полувреме, а потоа и шанса за 2:0 имаше повторно Љамчевски, но го погоди голманот.

И во второто полувреме “пелистерци“ имаа прилика за поголемо водство, по одлично изведениот удат на Наумовски од 25 метри по досудениот слободен удар кога ја погоди стативата. Последните минути Силекс притисна за израмнување, а тоа се случи дури во 94. минута, кога попушти одбраната на Пелистер.

Пелистер со  само еден бод од Кратово останува во борба за опстанок, на претпоследната позиција на табелата, со 24 бода, пред Скопје со 21, а зад Победа која има еден бод повеќе, влупно 25.

 

More from СпортMore posts in Спорт »