Press "Enter" to skip to content

За Купот, Пелистер во Бутел, Еурофарм Работник домаќин, ракометарките во Гевгелија

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа извлекувањето за четвртфиналните групи од Купот, а двете битолски машки екипи беа носители на групи и ја избегнаа можноста да играат меѓу себе пред завршницата на Купот, “фајнал форот“.

Според жребката најинересна ќе биде третата група во која покрај Пелистер, како носител на групата, ќе бидат и екипите на Охрид, Бутел Скопје и Делчево. За домаќин на оваа група е екипата на Бутел Скопје. Во првата средба Пелистер ќе игра против екипата на Вардар – Делчево, а за пласман во “фајнал-форот“ ќе игра против победникотод вториот натпревар, помеѓу екипите на Бутел Скопје и Охрид. Без разлика која екипа ќе биде победник во вториот натпревар двете екипи ќе бидат мотивирани, Бутел Скопје како домаќин, а и Охрид ќе сака пласман во завршницата.

Екипата на Еурофарм Работник како носител ќе биде домаќин на Втората група, а во неа покрај организаторот екипата на Еурофарм Работник, уште се екипите на Радовиш, Прилеп и Струга, а натпреварите ќе се играат на 21 и 22 април. Екипата на Еурофарм за противник во првиот натпревар ќе ја има екипата на Прилеп.

Покрај двете битолски екипи кои се надеваат на учество во “фајнал-форот“ сигурни учесници се екипите на Вардар и Металург, кои имаат полесни противници.

„Фајнал-форот“ е закажан за 19 и 20 мај, а дополнително РФМ ќе го одреди домаќинот.

Покрај групите во машка конкуренција, денес се одржа и ждрепката за четвртфиналните средби кај дамите, кои за пласман во Ф4 ќе се борат само преку еден натпревар. Екипата на ЖРК Пелистер, преку една средба во Гевгелија ќе се обиде да стигне до Ф4, а ќе игра против екипата на Гевгелија.

More from СпортMore posts in Спорт »