Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите поразени од Кожува, по неизвесна последна минута

Кожув – Пелистер 67:61 (31:25)

Спортска сала “26 април“

Гледачи: 300

Судии: Терзиевски, Михајловиќ и Крстевски

Кожув: Воркапиќ 17, Мишковиќ 9, Пековиќ 18, Ангелов 2, Мамузиќ 14, Митев, Нацевски, Петров, Апостолов, Божинов, Шалев 7, Шутаров.

Пелистер: Талтон 8, Луис 29, Анакиевски, Фундербун 7, Голубовиќ 7, Цветиновиќ, Трсунов, Давков 4, Илиевски, Трајковски, Атанасовски 3, Талевски 3.

Кошаркарите на Пелистер во второто коло од плеј-аутот се поразени на гостувањето од екипата на Кожув, во натпребар кој го реши победникот последната минута, кога двете екипи влегоа со изедначен резултат 61:61. Во последната минута кошаркарите на Пелистер промашија неколку шута кои значеа и победа на домаќините, а промаши на два пати Талтон. Од друга страна домаќините погодија на двапати и стигнаа до победа.

Претходно во последната четвртина екипата на Кожува имаше 8 коша предност 49:41, по што следуваше добра игра на “пелистерци“ и се вратија во битка за победа со резултат 54:54.

Инаку, првата четвртина беше со предност на домаќинот 20:16, втората со 11:9, а на полувреме се замина со предност на домашните од 6 коша, 31:25. Третата четвртина беше со мала предност на домашните кошаркари од два коша, а тоа навести неизесна завршница, во која домашните подобро се снајдоа.

Во екипата на Пелистер, најефикасен беше Луис со 29 поени и на паркетот беше единствен со двоцифрен број погодени коша, а Пелистер се наоѓа на третата позиција од табелата на плеј-аутот.

More from СпортMore posts in Спорт »