Press "Enter" to skip to content

Со победата над Куманово, ракометарките на Пелистер остануваат во борба за второто место (фото)

Со заслужена победа над директниот конкурент за пласман на табелата, над екипата на Куманово во Битола, во спортската сала “Младост“, вечерва, ЖРК Пелистер останува во борба за пласман на посакуваното второто место. 

Девојките предводени од тренерот на Пелистер, Борче Корлевски, тешко дојдоа до победата, бидејќи екипата на Куманово се покажа како рамноправен противник се до последните минути на натпреварот, кога “пелистерки“ го скршија отпорот на гостинките.Поради важноста на натпреварот за двете екипи ракометарките на Пелистер направија голем број на грешки, кои за нивна среќа не се покажаа како кобни за да дојдат до победата. 

Првото полувреме помина во израмнета игра, и така и се движеше резултатот, со гол-два предност за екипата на Пелистер, а со гол предност се отиде на одмор 11:10.

Второто полувреме започна со подобра игра на домашните ракометарки кои некаде во средината на вториот дел кога имаа предност од три гола. Но, тогаш наместо да погодат и да дојдат до четири гола, промашија, по што следуваше серија на голови на гостите, кои најпрво дојдоа до израмнување, а потоа и еден гол предност. 

Последните минути ба во знак на домашните ракометарки, кои дојдоа до вредна победа која многу е вредна бидејќи тие во Куманово беа поразени со еден гол, а денес победија со два, што значи и предност за Пелистер доколку двете екипи имаат ист број на бодови.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »