Press "Enter" to skip to content

12 фудбалери на Пелистер во болница во Велес поради труење со храна, натпреварот со Шкупи одложен

Фудбалерите на Пелистер нема да го играат денешниот натпревар со екипата на Шкупи, а преку  своите официјални лица клубот побара мечот да не се игра и тој дополнително ќе биде презакажен. 

Ова е побарано откако фудбалерите и стручниот штаб на Пелистер,  заеднички ручек имале  во Велес, а дури 12 играчи се пожалиле на болки во стомакот, односно добиле отровање.

По ручекот 12 фудбалери се наоѓаат во болницата во Велес, а веќе примаат соодветна терапија, од вкупно 15 фудбалери кои се пожалија на болки откако беа затруени на ручекот.

До делегатот на натпреварот доставени се  медицинските белешки и резултати од медицинските анализи, а делегатот на самиот натпревар одлучи да го одложи дуелот, кој денес требаше да се одигра на стадионот на “Чаир“. 

По немилиот настан раководството на Пелистер ја извести и Фудбалската федерација на Македонија.

Фото: Фејскбук

More from СпортMore posts in Спорт »