Press "Enter" to skip to content

Ново финале на Пелистер во Купот, по пенали победа над Академија Пандев

Академија Пандев – Пелистер 2:1 (2:3 по пенали)

По ланското финале и победата во него, фудбалерите на Пелистер ќе настапат и во годинашното финале од Купот,повторно против Шкендија, по победата над екипата на Академија Пандев по изведувањето на пенали, откако во регуларно време, натпреварот заврши со идентичен резултат како во Битола, 2:1.

Јунак на натпреварот е голманот на Пелистер, Илче Петровски кој по одбраната на пеналите ги однесе своите другари во ново финале.

Тренерот на Пелистер, Мане Секуловски по проблемите со затруените фудбалери, се одлучи за комбиниран тим, со Марковски и Недановски  на стартот. 

И кога сите очекуваа гол во мрежата на “пелистерци“ по иницијативата на Академија Пандев во контра напад на Миленковски, Благојче Марковски спогоди во мрежата на домаќините за 1:о.

Потоа повторно иницијатива на Струмичани, а по акцијата на Балдовалиев, Атанасов  на 1-1 во 74. минута, а на само две минути до крајот во 88. минута по центаршутот на Балдовалиев, со глава скокна и ефектно ја заби топката во мрежата, Крстовски ги постави финални 2:1 и пенали за пласман на Пелистер во финалето.

Треба да се забележи и тоа дека на средина од првиот дел натпреварот беше во прекин, откако еден неодговорен гледач од Битола со тврд предмет го погоди помошникот судија Петрески, а по интервенција на припадниците на МВР, веднаш беше приведен. 

More from СпортMore posts in Спорт »