Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Пелистер поразени од Пролет во Скопје

Пролет 62 – Пелистер 30:26 (13:9)

Во второто коло од плеј-офот ракометарите на Пелистер вечерва се поразени од екипата на Пролет 62 во Скопје во натпревар кој добро го започнаа и имаа водство од 2:0, а потоа 5:3 во средината на првото полувреме.

Потоа следуваа минута на домашните, а Пелистер израмни на 9:9 во 26 минута, а до крајот на првиот дел домашните постигнаа четри гола за разлика 13:9.

На старот на вториот дел Пелистер намали на 13:11, а во 40 минута Пролет имаше само гол предност 16:15.

Потоа пак гол предност за Пролет на десетина минути пред крајот 21:20, а потоа решавачка серија за голема предност од 26:20, што “пелистерци“ не ја стигнаа, со конечни 30:26.

More from СпортMore posts in Спорт »