Press "Enter" to skip to content

Нова победа на кошаркарите на Пелистер, нова “жртва“ Карпош Соколи

Пелистер – Карпош Соколи 92:72 (29:36)

Спорска сала “Младост“ во Битола

Гледачи: околу 500

Судии: Цветановски, Антовски и Јакимовски

Пелистер: Талтон 11, Луис Роберт 28, Анакиевски 13, Фундербурн 16, Голубовиќ 2, Цветиновиќ, Трсунов 8, Давков 4, Илиевски 8, Обедниковски, Атанасовски, Талевски 2.

Карпош Соколи: Спенс 28, Атанасов 14, Петровски 4, Бешлиовски 14, Арсовски 7, Башовски, Шопов 2,  Најдовски, Богдановски 3, Заревски, Ташков.Екипата на Пелистер во третото коло од плеј-аутот забележа победа на свој терен над екипата на Карпош Соколи, за пласман на третото место на табелата во плеј-аутот, а зад себе по оваа победа ги остави екипите на Шкупи, Карпош Соколи и Струмица.

Публиката во салата “Младост“ очекуваше лесна победа, но гостите дадоа силен отпор во првите две четвртини, но натпреварот беше решен во третата четвртина кога “пелистерци“ му го зададоа решавачкиот удар на кошаркарите од Карпош. 

Натпреварот во Битола започна со водство на Пелистер кое некаде на средината на првата червртина беше 10:5, а потоа по серија на  гостите да дојдат до 10:13, а првиот дел да заврши со 16:14 за Карпош Соколи.

По две минути во втората четвртина Пелистер израмни на 18:18 и 20:20, по што следуваше водство на гостите за на крај на втората четвртина да имаат предност од седум коша (29:36).

Во третата четвртина Пелистер заигра подобро, а не само што ја анулира предноста на гостите туку и по 5,30 минути игра имаше и предност од два коша 43:41. На три мунити до крајот на третата четвртина “пелистерци“ имаа предност од пет коша (48:43), а до крајот на таа пресудна четвртина предноста растеше за на крајот да биде изразена со 13 коша разлика (58:45).

Последната четвртина веќе отпорот на гостите беше скршен, па така до крајот на натпреварот кошаркарите на Пелистер само ја зголемуваа предноста, а се заврши со разлика од 20 коша. 

Наефикасен во екипата на Пелисетр беше Луис Роберт со 28 постигнати коша.

Во следното коло екипата на Пелистер гостува во Кавадарци. 

More from СпортMore posts in Спорт »