-Управниот одбот на ракометниот клуб Еурофарм Работник на последната седница донесе одлука парите кои беа собрани од продажбата на влезниците за натпреварот Еурофарм Работник -Пелистер, во висина од 80.000 да се донираат на детското одделение при Клиничката болница во Битола, соопшти членот на УО на РК Работник, Бојан Стефановски.
Одлуката за донација му била доставена на директорот на Клиничката болница во Битола, Зоран Лазаров со кој било одлучено парите да бидат доделени на детското одделение при болницата.
Од Еурофарм Работник се надеваат дека и во иднина ќе има вакви донаторски акции, беше соопштено на прес-конференцијата.






