Press "Enter" to skip to content

Боксерите на Пелистер со максимален учинок во третото коло во Делчево

Викендов по паузата поради Велигденските празници продолжија натпреварувањата од Боксерската лига на Македонија, во младинска и сениорска конкуренција.

Во Делчево се одржа третото коло на Првата и Младинската боксерска лига, кое досега предизвика најголем интерес кај боксерскитре клубови, кои за ова коло пријавија и на рингот појавија најголем број на боксери, но и кај публиката која ја имаше во голем број.

Боксерскиот клуб Пелистер исто така за разлика од второто кол се појави со поголем број на боксерски, како во младинска така и во сениорска категорија.

Александар Најдовски – Сканта ја имаше својата втора борба и ја забележа втората победа, а по враќањето во Битола ни рече:

-Во второто коло имав пауза и не се појавив на рингот поради повреда, но во третото коло настапив и ги продолжив борбите со победа, а така мислам да продолжам и до крајот на лигата. Ќе има тешки борби, но мислам дека вкегувам во добра форма, која ќе ја зачувам со тренинзи до крајот.Боксерите на Пелистер ги постигнаа следните резултати:

Јуниори:

-60 кг / Аслан Фазлиу (А. Огненовски) – Оран Шакировски (Пелистер) 0-2

-69 кг / Ерај Мехмед (П. Пантер) – Рамон Казимов (Пелистер) 0-2 (прекин)

Сениори:

-60 кг / Јове Петровски (Пелистер) – Александар Шумковски (Универзалци) 2-0

-91 кг – Димитар Јовановски (А. Огненовски) – Александар Најдовски (Пелистер) 0-2

More from СпортMore posts in Спорт »