Press "Enter" to skip to content

Девојчињата од ОУ “Св. Климент Охридски“, шампиони на државната лига во кошарка

Со пет победи од пет натпревари екипата на ОУ “Св. Климент Охридски“ е победник во државната лига за девојчиња која е во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, која се одржува покрај организацијата на традиционалните општински, регионални и државни првенства за прв пат започна и реализацијата на проектот училишни државни лиги за основни и средни училишта. Во овие лиги учество зедоа голем број на училишта од нашиот град. Проектот се покажа успешен и во него се вклучија стотици ученици од нашиот град.
Сите училишта се покажаа во одлично светло но посебни честитки одат за кошаркарките на ОУ “Св. Климент Охридски“ кои по освојувањето на општинската и регионалната титула се пласираа помеѓу шестте најуспешни училишта во нашата држава и потоа со пет победи и без пораз ја освоија и државната титула.
-Целта ние пред се на реализираме квалитетна настава по Физичко и здравствено образование во нашето училиште и да во овие тешки времиња каде младите се повеќе се статични и се дружат со компјутерите ги насочиме што повеќе кон спортот и физичката активност. Во училиштето има традиција за квалитетна настава,одлични услови и одлична соработка со раководството на училиштето, родителите, спортските клубови од нашата општина. Секако  мора да се напомени дека важен фактор за резултатите особено ако разговараме за кошарка е кошаркарскиот клуб Јуниор кој својата база ја има во нашето училиште. Успешната соработка меѓу клубот и училиштето веќе години наназат дава резултати, голем број на деца во спортската сала,првотимци,репрезентативци и голем број на општински, регионални и државни титули. Се надеваме дека оваа соработка не само што ќе продолжи туку и ќе се продлабоци и со стратегија за вложување пред се кај младите на општинско и секако државно ниво ќе створиме сите заедно што подобри услови за спортување и развој на нашите млади спортисти, вели Предраг Созовски.
Ученичките кои се најзаслужни за освојување на оваа државна титула се: Ангела Ивановска, Емилијана Џарлиев, Ивана Геровска, Ивана Вељковиќ, Тамара Лозановска, Гордана Димитровска, Теофанија Константинова, Матеа Пеева, Ева Талевска, Ева Домазетовска, Теодора Јовчевска, Бојана Димовска, Марина Геровска, како и нивните наставници Предраг Созовски, Златко Трајчевски и Горан Димовски.
More from СпортMore posts in Спорт »