Press "Enter" to skip to content

Пелистер во нова битка за опстанок под Тумбекафе

Ако некогаш натпреварите помеѓу Пелистер и Победа се нарекуваа пелагониско дерби и на нив се водеше битка за бодови за висок пласман, денес тоа ќе биде само битка за бодови за опстанок во Првата фудбалска лига на Македонија, бидејќи двете екипи се наоѓаат во најопасната зана за испаѓање.

Екипата на Пелистер во 16 часот на градскиот стадион под Тумбекафе ја пречекува екипата на прилепска победа по тешкиот пораз на свој терен од екипата на Шкендија, со високи 0:6, а сите во екипата се свесни дека бодовите им се повеќе од потребни.

-Денес се смее да има никакви математики и калкулации, бидејќи само победа над екипата на Победа е изборот кој го имаме. Без разлика кој ќе игра сите сме свесни дека мора да се оди на победа и немаме друг избор, а се друго што би зборувале е само зборување колку да се каже нешто, конкретен е Филип Миленсковски.

More from СпортMore posts in Спорт »