Press "Enter" to skip to content

РК Пелистер го победи ПАОК во пријателски натпревар без публика (фото)

Пелистер ПАОК 31:26 (13:12)

По барање на ракометниот клуб ПАОК од Солин, Грција вечерва во спортската сала “Младост“ во Битола се одигра пријателски натпевар помеѓу ПАОК и Пелистер.

Ракометарите на Пелистер го победија солунскиот лигаш со пет гола разлика 31:26, а полувремето заврши со гол предност за Пелистер 13:12.

Натпреварот добро му дојде на екипата на Пелистер, односно на тренерот Томче Петрески за воигрување на екипата пред натпреварите од Купот, во Скопје, каде екипата на Пелистер треба да игра викендов.Овој натпревар се одигра беа публика, а ракометниот клуб излезе со соопштение и извинување на навивачите кои не можеа да го следат овој натпревар во кое се вели:

-Ракометниот клуб Пелистер му се извинува на сите ракометни фанови во градот кој беа заинтересирани да го проследат денешниов пријателски натпревар против екипата на ПАОК (Солун). Поради сензибилноста на ситуацијата со нашиот јужен сосед во посредство со СВР-Битола, беше одлучено да се одигра овој натпревар зад затворени врати на поширокиот спортски аудиториум. Напоменуваме во салата се затекнаа ракометарите и ракометарките на Еурофарм и Жрк Пелистер по нивните тренинзи. 

More from СпортMore posts in Спорт »