Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник се пласира по втор пат во завршницата од Купот

Еурофарм Работник – Радовиш 28:25 (16:12)

Ракометарите на Еурофарм Работник во само еден ден ја завршија работата од нивната група во која беше домаќин и се пласираа во завршницата од ракометниот куп.

Тие денес во финалето за совладаа екипата на Радовиш во спортската сала “Младост“ во Битола потешко од тоа како очекува, иако победата не беше доведена во прашање ниту во еден момент.Екипата на Радовиш некаде на пред десетина минути успеа да изедначи на 22 :22, а потоа со малку поангажирана игра поведоа со 4 гола разлика преку Петровски, Ојлески и Дрогришки (26:22).

Потоа следуваше малку драма пред крајот кога радовишани намалија на 27:22, потоа промашија за да намалан на -1, за Дрогришки погоди за 28-25.

Најефикасен беше Ојлески со седум и Дрогришки со пет постигнати голови.Во втората група во  Битола постигнати се следните резултати:
Прилеп – Еурофарм Работник, 21-36
Струга – Радовиш, 27-32
Радовиш – Еурофарм Работник 25-28

Во третата група во Скопје играат:
Делчево Вардар – Пелистер, сабота, 15.00 часот
Бутел Скопје – Охрид, сабота, 18.30 часот
Делчево Вардар – Пелистер / Бутел Скопје – Охрид, недела, 16.00 часот

More from СпортMore posts in Спорт »